Во прилог можете да го погледнете годишниот извештај за работа за 2024 на Домот за стари лица Сју Рајдер Битола.
Во прилог можете да ја погледнете одлуката за избор на кандидат за вработување по јавен оглас 1/2024 од 26.12.2024.
Денес од страна на Здружението на медицински сестри, а во пресрет на 8-ми Март Меѓународниот ден на жената беше реализирана акција на мерење гликемија и притисок на нашите дами кои на крај добија и симболични подароци. Ви благодариме за посетата од ♥️ и за хуманоста.
По повод големиот христијански празник Свети Василиј Велики, во народот познат и како Василица, православна нова година, денес нашата Установа ја посетија претставници од Хотел Ресторан Корзо и со својата хуманост и добра мисла ја збогатија празничната трпеза на сите наши корисници со 170 пакети со традоционална храна за оваа пригода.