ЈОУ Дом за стари лица Сју Рајдер Битола како установа за вон-семејна социјална заштита врз основа на Законот за социјална заштита и Статутот на установата обезбедува згрижување, 24-часовна помош и поддршка од стручни лица, исхрана, облека и обезбедување на здравствена заштита, во зависност од утврдените потреби на корисникот, кој нема услови за живеење во своето семејство или од други причини му е потребна вон-семејна заштита.
Услугата за сместувањето во установата за стари лица покрај основната заштита од член 94 од Законот за социјална заштита обезбедува и социјални, културни и рекреативни активности во зависност од потребите на корисниците на услугите.
Дејноста на Установата е сместување на стари, изнемоштени и хронично заболени лица; возрасни и стари лица кои заради разни околности се нашле надвор од местото на живеење, без средства за живот или се без постојано сместување.
Услуги кои ги нуди установата е: Сместување, исхрана, помош, нега, здравствена заштита,културно-забавни, работни, рекреативни активности,услуги на социјална работа,работно производна активност, работна терапија и сл.
Установата располага со капацитет од 150 легла.
Просторни можности:
- Установата има два павиљони во кои има 70 станбени единици во кои се згрижуваат корисниците на услуги, во зависност од нивната здравствена положба и пол.
- Располага со сопствена кујна во која се приготвуваат 3 оброци дневно за секој корисни.
- Располага со сопствена пералница во која се одржува хигиената на облеката на сите корисници, како и хигиената на постелнината и останатиот текстил кој е во функција на корисниците и вработените.
КОНТАКТ ТЕЛЕФОНИ
Портирница: 075 331 792
Социјален работник: 071 222 643
Сметководител: 075 222 643
Економ: 071 313 192
Павиљон 1: 076 456 616
Павиљон 2: 076 456 617
Лице за информации од јавен карактер Татјана Галовска: 075 222 643
Директор: м-р Марина Крстиќ
ОРГАНОГРАМ на ЈОУ Дом за стари лица Сју Рајдер Битола