На ден 22.10.2019 година, во склоп на нашата годишна програма со нашите штитеници е направена посета на градот Струга и манастирот во с. Калишта.

По повод 1-ви Октомври Меѓународен ден на старите лица, во посета на нашата установа ни беа учениците на О.У. Др.Трифун Пановски - Битола каде за нашите штитеници приредија мала забава.

На ден 18.10.2019 во посета на нашата установа ни беа учениците од Средното општинско училиште,  Гимназија Јосип Броз Тито и Државното музичко училиште, под раководство на г-ѓа Весна Жоглева кои за нашите штитеници приредија кратка културно уметничка програма. 

На ден 22.09.2019 според нашите годишни активности во нашиот дом во посета беше Ансамблот Рудина кој имаше мини концерто за нашите штитеници.