Со цел подобрување на условите на корисниците на нашите услуги на ден 28.05.2019 година Домот за стари лица Сју Рајдер направи и набавка на дополнителни нови 200 ќебиња како и 100 перници со што веќе постоечките ќебиња и перници беа заменети со нови. Повеќе од сликите во прилог.

По повод велигденските празници на ден 26.05.2019 мал концерт во нашата установа имаше АФ Плетенка за нашите штитеници.Им благодариме од срце.

На ден 17.05.2019 со цел подобрување на условите за престој на нашите штитеници, Домот за стари лица Сју Рајдер наваби нови душеци за сите легла во домот. 

На ден 25.04.2019, учениците со нивната наставничка Јасмина од О.У. Др.Трифун Пановски се погрижија за бојадисувањето на велигденските јајца со нашите корисници, насмеани и здружени.