На ден 21.11.2018 во нашата установа по повод Денот на грижа на старите лица не посетија волонтерите на ОО Црвен Крст Битола, каде имаа прилика да се дружат со нашите штитеници и ги запознат со нивните активности.
Домот за стари лица Сју Рајдер од Битола од 19 до 25.11.2018 година ја одбележува „Неделата на грижа на старите лица„. Целта за одбележување на неделата е да се подигне јавната свест за потребата од зголемена интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот, како и потреба за обезбедување на грижа и помош на старите лица.
Повеќе: Предавање по повод неделата на грижа на старите лица
Во повод обележувањето на Неделата на грижа на старите лица на ден 20.11.2018 со дел од нашите штитеници е посетена Националната установа „Музеј на Албанската азбука“.
Повеќе: Посета на Националната установа „Музеј на Албанската азбука“
На ден 16.10.2018 во нашата установа се одржа предавање на тема "шеќерна болест" од страна на Ц.Ј.З.Битола по повод Светската недела за борба против Дијабетесот, со што нашите штитеници подобро се запознаат со оваа болест и како подобро до превенција од истата.