Бадниковата вечер во ЈОУ Дом за стари лица ,,Сју Рајдер" Битола со наслов "Запрете за миг и запејте во име на Бога".
Големиот ден Бадник беше одбележан во просториите на ЈОУ Дом за стари лица Сју Рајдер" Битола со црковна музика од Византискиот црковен хор „Св. Нектариј Битолски“, песни од ѕвездоводилките на „Бадниковите поворки“ и бадникови пакетчиња за корисниците на социјалните услуги што ги нуди установата. Сите уживаа во божиќната магија која зрачеше со мир и спокојство.
Настанот беше овозможен од:
Сибела Алимовска - Претседател на Граѓанската Организација 22 Ноември
Владо Јошевски и Јована Михаела Цингар - активисти и хуманисти на Хуманитарна организација Св. Спас
Димче Каневче активист и хуманист
Јасна Николовска - организатор на „Бадниковите поворки“
Општина Битола
Агро Леска
Дооел Ариџ
Хуманитарна организација Св Спас
Димче Каневче
Хепар Центар Битола
Јавни и приватни донатори
во соработка со директорката на ЈОУ Дом за стари лица „Сју Рајдер“ Битола м-р Марина Крстиќ