Врз основа на член 20-г став 1 од Законот за вработените во јавниот сектор(Службен весник на Република Македонија бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.143/19 и 14/20), член 211 од Законот за социјална заштита (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21 и 99/22), член 22 и 23 од Законот за работни односи (Сл.Весник бр.167/15, 27/16, 120/18, 110/19, 267/20 и 151/21) , член 8 од Колективниот договор за социјална заштита (Сл.Весник бр.249/19) во согласно со Правилникот за систематизација на работните места бр.01-152 од 20.08.2019 г. и Одлуката за распишување на јавен оглас за вработување бр.02-197/1 од 18.10.2022 год., ЈОУ Дом за стари лица “Сју Рајдер ” Битола објавува :

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/2022

За вработување на 3 (три) извршители, за работно место Геронто-домаќин-Б3 трето ниво, во Оддел за социјална работа, сместување, нега, исхрана и здравствена заштита на корисниците, со шифра на дејност 030303Б03004, на определено работно време до 31.12.2022г., со нето плата од 18.857,00 денари месечно.

Распоред на работното време:

  • секој втор ден од понеделник до недела по претходен распоред;
  • работни часови во неделата - 40 часа;
  • почеток на работно време 7 часот;
  • крај на работното време 19 часот.

Кандидатите по огласот треба да ги исполнуваат следните општи услови :

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Кандидатите по огласот треба да ги исполнуваат следните посебни услови :

  • најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование.

Заинтересираните кандидати треба да достават пријава, (која можат да ја подигнат лично во Домот за стари лица Сју Рајдер Битола), со прилог потребни документи за  исполнување на условите (не постари од 6 месеци) во оргинална форма или копија заверена на нотар и тоа:

1.Уверение за државјанство на РСМ,
2.Медицинска потврда за здравствена состојба од матичен лекар,
3.Уверение/Диплома за завршен степен на образование,
4.Уверение дека нема забрана за вршење на професија, дејност и должност.

Пријавата со потребната документација да ја достават до Архивата на ЈОУ Сју Рајдер Битола, ул.Илинденска бр.156 Битола, во затворен плик со назнака „за Јавен оглас бр.1/2022“.
Јавниот оглас ќе трае 3 работни дена, сметано од наредниот ден на последната објава во дневните весници. Кандидатите, кои ќе ја поминат административната селекција, во врска со исправноста и комплетноста на потребната документација, ќе бидат рангирани од страна на комисијата за селекција за вработување и истите ќе бидат известени за
изборот во рок од 8 дена од донесување на одлуката за избор или неизбор.

Некомплетните документи и доставени после рокот нема да бидат предмет на разгледување.

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПРИЈАВА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: ПРИЈАВА