Врз основа на член 20-г став 1 од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македонија бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на Република
Северна Македонија бр. 143/19 и 14/20) член 211 и 212 од Законот за Социјална заштита ( Службен весник на Република Северна Македонија бр. 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22, 65/23), член 22 и 23 од Законот за работни односи ( Службен весник бр.167/15, 27/16, 120/18, 110/19, 267/20 и 151/21), член 8 од Колективниот договор за социјална заштита ( Службен весник на Република Северна Македонија бр.249/19), во согласност со Правилникот за систематизација на работни места бр. 01-152 од 20.08.2019 година и Одлуката за распишување на јавен оглас за вработување бр.02-121/1 од 15.05.2023, ЈОУ Дом за стари лица ,,Сју Рајдер“ Битола објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/2023
За вработување на 5 (пет) извршители, за работно место Геронто-домаќин-Б3 трето ниво, во Оддел за социјална работа, сместување, нега, исхрана и здравствена заштита на корисниците, со шифра на дејност СО30303Б03004, на неопределено работно време, со нето плата од 20.175 (дваесет илјади сто седумдесет и пет) денари месечно.
Распоред на работното време:
- Работни денови: понеделник-недела, по претходен распоред;
- Работни часови во неделата - 40 часа;
- Почеток и крај на работно време 07:00-15:00 часот, 14:00-22:00 часот;
Работни задачи:
- Помош, грижа, нега и одржување на комплетна хигиена на стари лица;
- Одржување хигиена на опрема, постелнина и облека на стари лица;
- Квалитетно и навремено извршување на работните обврски во установата, согласно законските прописи и одредби.
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на установата за 2023 година се: Македонец/ка- 5 (пет)
Кандидатите по огласот треба да ги исполнуваат следните општи услови :
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Кандидатите по огласот треба да ги исполнуваат следните посебни услови :
- за ниво Б3 најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование.
Заинтересираните кандидати треба да достават пријава, која можат да ја подигнат лично во Домот за стари лица Сју Рајдер Битола или да ја преземат од веб страната на на установата https://www.domsjurajderbitola.mk/ . Во прилог на пријавата да се достават потребните документи за исполнување на условите (не постари од 6 месеци) во оргинална форма или копија заверена на нотар и тоа:
- Уверение за државјанство на РСМ;
- Лекарско уверение не постаро од 6 (шест ) месец;
- Уверение/Диплома за завршен степен на образование;
- Уверение дека нема забрана за вршење на професија, дејност и должност.
Пријавата со потребната документација да ја достават до Архивата на ЈОУ ,,Сју Рајдер“ Битола, ул.Илинденска бр.156 Битола, во затворен плик со назнака „за Јавен оглас бр.1/2023“.
Јавниот оглас ќе трае 5(пет) работни дена, сметано од наредниот ден на последната објава во дневните весници. Кандидатите, кои ќе ја поминат административната селекција, во врска со исправноста и комплетноста на потребната документација, ќе бидат рангирани од страна на Комисијата за административна селекција и интервју за вработување и истите ќе бидат известени за изборот во рок од 8 дена од донесување на одлуката за избор или неизбор.
Некомплетните документи и доставени после рокот нема да бидат предмет на разгледување.
Линк за превземање: ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ