Интервју на директорката Јулијана Ивановска во врска со предизвиците наметнати од моменталната ситуација со COVID-19. Повеќе можете да прочитате на линкот од порталот АПЛА.МК.
Апла-Како се справувате со ситуацијата?
Ивановска - Максимално сме посветени на здравствената состојба на корисниците и персоналот. Почитување на протоколите за работа во време на пандемија. Почитување на препораките на Министерството за здравство МТСП, и Центарот за јавно здравје- Битола. Одржување дистанца носење маски е составен дел од нашето работење на дневна основа. Дезинфекција на целокупниот простор на Домот еднаш во месецот од страна на Центарот за јавно здравје. Дезинфекција еднаш неделно од наша страна како институција (имаме лице задолжено за дезинфицирање на заедничкиот простор). Обезбедивме заштитна опрема маски, капи, визири дезинфекциони средства и се друго што ние е потребно за непречена работа. Задолжително правиме мерење на температурата и тоа два пати дневно и на персоналот и на вработените.