Домот за стари лица Сју Рајдер од Битола од 19 до 25.11.2018 година ја одбележува „Неделата на грижа на старите лица„. Целта за одбележување на неделата е да се подигне јавната свест за потребата од зголемена интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот, како и потреба за обезбедување на грижа и помош на старите лица.
По тој повод во нашата установа предавање одржа Др.с-ци Специјалист невропсихијатар Бошко Томовски, на тема „Најчести психосоматски болести кај возрасната популација".