Врз основа на член 20-г став 1 од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македонија бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 143/19 и 14/20), член 22 и 23 од Законот за работни односи ( Службен весник бр.167/15, 27/16, 120/18, 110/19, 267/20 и 151/21), чл. 212 од Законот за социјална заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19), член 8 од Колективниот договор за социјална заштита (Службен весник на Република Северна Македонија бр.249/19), a во согласност со Правилникот за систематизација на работни места бр. 01-42 од 19.02.2024 година и Одлуката за распишување на јавен оглас за вработување бр.04-100/1 од 23.04.2025, ЈОУ Дом за стари лица ,,Сју Рајдер“ Битола објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/2025
За вработување на 11 (единаесет) извршители на неопределено работно време, за работно место:
- Социјален работник - А4 Самостоен стручен службеник четврто ниво, 1 (еден) извршител, шифра СОЗ0303А04009
- Медицинска сестра- Б2 Помошно-стручен службеник од второ ниво, 4 (четири) извршители, шифра С0З0303Б02010
- Геронто домаќин- Б3 Помошно-стручен службеник од трето ниво, 2 (два) извршители, шифра СОЗ0303Б03004
- Готвач II - A2 Помошно-техничко лице од второ ниво (кујна), 1 (еден) извршител, шифра СОЗ0404А02001
- Перач- А3 Помошно-техничко лице од трето ниво, 1 (еден) извршител, шифра СОЗ0405А03003
- Домаќин I- Б1 Помошно-техничко лице од прво ниво, 1 (еден) извршител, шифра СОЗ0401Б01002
- Ложач на парен котел III – Б3 Помошно-техничко лице од трето ниво, 1 (еден) извршител, шифра CO30401Б03001
Повеќе можете да погледнете од документите во прилог.