ЈОУ Дом за стари лица ,,Сју Рајдер" Битола Ви овозможува нова услуга „Привремено и интервентно сместување на стари и изнемоштени лица“.
Истата можете да ја користите доколку имате некои работни обврски, сакате да се одморите, патувате некаде.
Вашите членови на семејството кои се стари и изнемоштени можете привремено да ги сместите во нашата Установа од 1-15 дена каде ќе добијат комплетна здравствена и социјална заштита, стручна 24 часовна медицинска и социјална грижа и нега од стручни лица, храна, удобно сместување и комплетна хигиена.
За користење на оваа услуга потребно е да поднесете барање за привремено и интервентно сместување со прилог медицинска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на лицето за сместување.
Услугата моќе да се користи повеќе пати во текот на една година. Капацитет на сместување до 6 лица.
За подетални информации обратете се во нашата Установа.