Почитувани во прилог го објавуваме јавниот повик за членови на совет на корисници. 

За член на Советот на корисници може да биде избрано лице:

 

  • корисник на права или услуги од надлежност на установата
  • родител/старател на лице корисник на права или услуги од надлежност на установата
  • лице кое не е осудено со правосилна судска пресуда
  • лице на кое не му е одземено родителското право
  • државјанин на Република Северна Македонија

При поднесување на апликацијата,лицето кое се јавува на јавниот повик треба да ги достави следните документи:

  • потврда дека е корисник на права или услуги или потврда дека е родител или старател на лице кое е корисник на права или услуги од надлежност на установата
  • потврда за неосудуваност
  • потврда дека не му е одземено вршењето на родителско право
  • кратка биографија
  • мотивационо писмо

Мандатот на членовите на Советот на корисници трае 4 години.

Потребните документи заинтересираните кандидати да ги достават во Јоу дом за стари лица,,Сју Рајдер,,Битола на ул.Илинденска бр.156 во Битола.

Во прилог официјалниот документ во PDF верзија: Јавен повик за членови на совет на корисници