Според член 32 од Статутот на ЈОУ Дом за стари лица Сју Рајдер Битола, се објавува јавен повик за избор на членови на Советот на корисници.
За член на Советот на корисници може да биде избрано лице:
- корисник на права или услуги од надлежност на установата
- родител/старател на лице корисник на права или услуги од надлежност на установата
- лице кое не е осудено со правосилна судска пресуда
- лице на кое не му е одземено родителското право
- државјанин на Република Северна Македонија
При поднесување на апликацијата лицето кое се јавува на јавниот повик треба да ги достави следниве документи:
- потврда дека е корисник на право или услуга или потврда дека е родител или старател на лице корисник на права или услуги од надлежност на установата
- потврда за неосудуваност
- потврда дека не му е одземено вршењето на родителското право
- Кратка биографија
- Мотивационо писмо
- Државјанство
Мандатот на членовите на Советот на корисници трае 4 години.
Потребната документација се доставува во архивата на Домот на ул.Илинденска бр.156 Битола, секој работен ден од 7 до 15 часот.
Дом за стари лица Сју Рајдер Битола
ВД Директор,
Јулијана Котевска
Во прилог можете да го погледнете комплетно јавниот повик и да го симните во PDF верзија на следниот линк: ЈАВЕН ПОВИК