dom stari lica vlez 01 front burma sjurajder front 01

 

,,Јавната Општинска Установа Дом за стари лица Сју Рајдер Битола е јавна установа за грижа и нега на стари лица. 

Дејноста на Установата е сместување на стари, изнемоштени и хронично заболени лица; возрасни и стари лица кои заради разни околности се нашле надвор од местото на живеење, без средства за живот или се без постојано сместување.


Просторни можности:

  • Установата има два павиљони во кои има 70 станбени единици во кои се згрижуваат корисниците на услуги, во зависност од нивната здравствена положба и пол.
  • Располага со сопствена кујна во која се приготвуваат 3 оброци дневно за секој корисни.
  • Располага со сопствена пералница во која се одржува хигиената на облеката на сите корисници, како и хигиената на постелнината и останатиот текстил кој е во функција на корисниците и вработените.